Поминаа два месеци од смртта на Диего Армандо Марадона, еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Според многумина, Марадона беше еден и единствен, неповторлив. Сепак, кога се работи за аргентинскиот фудбал, наследникот на Марадона, беше пронајден во Лионел Меси.

Во националниот дрес Меси имаше можност да работи со Марадона, кој еден период беше селектор на ,,Гаучосите”. На едно од загревањата пред меч, Меси и Марадона ја земаа топката и решија заедно да поиграат. Тоа е еден од ретките видео записи на кои двајцата фудбалски великани заедно уживаат на теренот.