Натпреварите помеѓу Вардар и Елверум во Лигата на шампионите што треба да се играат на 21 и на 25 февруари, прво во Скопје, па во Елверум се под знак прашалник. Вардар нема да може да патува за Норвешка ако останат сегашните строги мерки во оваа земја за сите странци во услови на пандемија со Ковид-19.
Карантинот во Норвешка е задолжителен за сите што патуваат на Северот од Европа, што создава тешкотии и за Вардар во овој случај, но најмногу за Елверум. Нивниот меч веќе требаше да се одигра на 24 септември минатата година, но и тогаш беше проблем Ковид ситуацијата.
Од ЕХФ најавуваат дека ново одложување е скоро невозможно, па затоа норвежаните, односно од раководството на Елверум се спремни и на откажување од оваа сезона од играњето во Лига шампион.