По трите порази во низа, Флорида Пантерс се вратија на победничките патеки, совладувајќи ги Отава Сенаторс со 3-0.
Пантерс ја оправдаа фаворитската улога и на ледената плоча, упатувајќи дури 48 шутеви кон противничкиот гол.
Во листата на стрелците се запишаа Мејсон Марчмент во првата, односно Патрик Хорнквист и Рајан Ломберг во третата третина.
Голманот на домаќините, Сергеј Бобровски, ги одбрани сите 18 противнички удари и го запиша вториот шут-аут во сезоната.
На табелата на Источната конференција, Флорида остана на второто место, додека Отава ја зазема дванаесеттата позиција.