
Чикаго Булс се наоѓаат во блага резултатска криза, откако синоќа дојдоа до третиот пораз во низа.
Имено, претставниците на Илиноис загубија од Атланта Хокс со 130-124 во првиот меч од синоќешната НБА програма.
Булс водеа во поголемиот дел од мечот, но гостинскиот состав ја консолидира играта во самиот финиш и запиша конечен триумф.
Кај Атланта, дабл-дабл постигнаа Тре Јанг (39 поени и 13 асистенции) и Клинт Капела (12 поени и 11 скокови), а уште 20 кошеви додаде Србинот Богдан Богдановиќ.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Никола Вучевиќ (21 поен и 11 скокови), а по 22 поентирања имаа ДеМар ДеРоузан и Зек ЛаВин.
На Истокот, Атланта (30-32) изби на деветтата позиција, додека Чикаго (39-24) го зазема третото место.




