Синоќа, по шести пат во низа на меѓусебните дуели, Филаделфија Филис ги поразија Њујорк Јенкис.
Имено, домаќините од Пенсилванија ги надиграа претставниците на ,,Големото јаболко” со резултат од 7-0 и го запишаа четвртиот последователен триумф.
Филис забележаа по три поени во вториот и во петтиот ининг, откако претходно поентираа еднаш во првиот период.
Одговорни за промените на семафорот беа вкупно шест различни играчи, односно Одубел Херера (х2), Ендру МекКачен, Алек Бом, Жан Сегура, Џеј Ти Реалмуто и Брајс Харпер.
Освен нив, важна алка во домашниот состав беше Арон Нола, кој за 7.2 ининзи освои девет страјк-аути.
Веднаш по натпреварот, Филис (32-31) беа седми во Националната лига, додека Јенкис (33-32) го заземаа осмото место во Американската лига.