Иако беше избран како единаесетти пик на драфтот, квотербекот Џастин Филдс имаше очајно деби во дресот на Чикаго Берс.
Сепак, продуктот на колеџот Охајо Стејт, во дуелот против Сан Франциско 49ерс ја покажа целата своја експлозивност во само една акција.
Филдс беше најдобар тркач на својот тим со 103 јарди од 10 трчања, притоа додавајќи уште 175 јарди со подавање од 19/27 прецизни обиди.
На мечот, Берс загубија со 22-33, а покрај Филдс, тачдаун забележа Џеси Џејмс.
На спротивната страна, поентери за 49ерс беа Џими Гарополо (х2) и Илај Митчел.
Во соработка со НФЛ Македонија