
Откако ја започнаа сезоната со девет последователни победи, Каролина Хурикејнс запишаа два порази на последните три средби.
Синоќа, ,,Ураганите” загубија на домашен терен за првпат сезонава со резултат од 1-2 од Филаделфија Флаерс.
Статистички, Каролина доминираше во сите сфери на играта и после втората третина водеше со 1-0, благодарение на Стив Лорентц.
Сепак, Флаерс покажаа желба за победа во третиот период, кога воедно го комплетираа целосниот пресврт преку Џоел Фараби и Зек МекУан.
На голот на гостите од Пенсилванија стоеше Картер Харт, кој запиша одлични 39/40 одбрани (97,5%) и одигра важна улога во седмиот овосезонски триумф на Флаерс.
На Истокот, Каролина падна на второто место, додека Филаделфија, со новите два поени, скокна на шестата позиција.