
По третпат во низа, Далас Маверикс го добија дербито на Тексас, откако синоќа славеа со 109-123 против Сан Антонио Спарс.
Неизвесноста на мечот владееше само во првата четвртина, а во останатиот дел доминираше победничкиот состав.
Маверикс стигнаа до четвртата победа на последните пет средби со постигнатите 32 поени на Криштапс Порзингис, односно со трипл-дабл учинокот на Лука Дончиќ (32 кошеви, 12 скокови и 15 асистенции).
На спротивната страна имаше шест двоцифрени кошаркари, од кои, најефикасни беа Девин Васел (20), Келдон Џонсон (15) и Деџонте Мареј (15).
Со осмиот пораз во сезоната, Спарс (4-8) се спуштија на тринаесеттото место на Западот, додека Далас (8-4) изби на петтата позиција.



