
Четврт-финалистите од 2020/21, Филаделфија 76ерс, немаат посакуван старт на новата сезона.
Синоќа, претставниците на Пенсилванија дојдоа до учинок од 2-2, откако загубија од Њујорк Никс (3-1) со резултат од 112-99.
Мечот започна неизвесно со промена на водството и на двете страни, но од втората четвртина, па сè до крајот, Никс ја одржуваа двоцифрената предност во своја корист.
Од победничкиот состав, Џулиус Рендл (16 поени и 11 скокови) беше единствен со дабл-дабл, а поефикасни од него беа Иван Фурние и Кемба Вокер со 18, односно со 19 поени.
Кај 76ерс, четири кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а од нив, најрасположени беа Тобијас Херис (23) и Џоел Ембиид (14).