
Во единаесеттото коло од шкотскиот Чемпионшип, силите ги одмерија двата најголеми ривали од регионот Ершир, односно Ер Јунајтед и Килмарнок.
Двете екипи се соочија по јубилеен 140. пат во својата историја, а Килмарнок ја запиша 58. меѓусебна победа, откако триумфираше со 0-1.
За ривалите, ова беше втор овосезонски меѓусебен дуел, после победата од 2-0 на Килмарнок во првото коло.
Воедно, Ер Јунајтед го угости популарниот ,,Кили” на својот ,,Сомерсет Парк” за првпат после сезоната 1992/93, кога се во прашање лигашките дуели.
Патем, денес, Килмарнок ги однесе трите поени во самата завршница, кога Оливер Шоу беше прецизен од белата точка во 89. минута, запишувајќи го својот трет гол на последните три средби.
Со овој триумф, гостите се искачија ба првото место на табелата, додека Ер Јунајтед остана на шестата позиција.