Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на последната овосезонска трка за големата награда на Абу Даби што воедно е негова трета во кариерата и прва во 2020.
Холанѓанецот го постави најбрзото време на ,,Јас Марина” од 1:35,246 што беше само за 25 илјадинки побрзо од времето на Валтери Ботас.
Старо-новиот шампион што отсуствуваше од минатата трка поради Коронавирусот, Луис Хамилтон (+0,086), на утрешната трка ќе стартува од вториот стартен ред, заедно со Ландо Норис.
Освен нив, од првите десет стартни места ќе тргнат Александер Албон, Карлос Саинц, Данил Квјат, Ленс Строл, Шарл Леклер и Пјер Гасли.



