Во дерби пресметката во рамките на 9 коло од Третата лига Југозапад, во Струга домашниот тим на Караорман кој е второпласиран го нагости тимот на Воска Спорт од Охрид кој е лидер на табелата и со стружани се разлика само еден бод.
Двете екипи имаат амбиции за влез во Втора лига – Залад. Во тензичен дерби натпревар крајниот резултат гласи 0:0 и поделба на бодовите. Охриѓани уште на стартот не искористија најстрога казна од белата точка уште во 10 минута.
Домаќините во финишот на мечот заработија црвен картон и реагираа на според нив недосуден пенал од страна на арбитарот Владимир Ѓорѓиески. Караорман и Воска до крај на шампионатот ќе водат грчевита битка кој од двата тима ќе влезе во повисок ранг на натпреварување следната натпреварувачка сезона.
Фото: FK Karaorman



