
Феникс Санс го добија првиот полуфинален дуел од тековната НБА сезона, славејќи над ЛА Клиперс со 120-114.
Во поголемиот дел од натпреварот, токму Феникс беше екипата, која имаше блага предност со максимум од +10.
Најзаслужен за триумфот на претставниците на Аризона беше Девин Букер со неверојатен трипл-дабл од 40 поени, од 13 скокови и од 11 асистенции.
Од неговите соиграчи, поентерски беше расположен и Деандре Ејтон, кој уфрли 20 кошеви.
За Клиперс, најдобар стрелец беше Пол Џорџ (34 поени), заедно со Реџи Џексон (24 кошеви).