
Во рамките на 17. коло од турската Супер лига беше одиграно вкупно 354. градско дерби помеѓу Фенербахче и Бешикташ.
Истото, по 95. пат во историјата, заврши со нерешен исход, откако ривалите ремизираа со 2-2.
Фенербахче водеше двапати на овој натпревар, но номиналните гости двапати успеваа да ја анулираат резултатската негатива.
Головите за избраниците на Витор Переира ги постигнаа Месут Озил (14′) од пенал и Мергим Бериша (30′).
Од друга страна, двоен голгетер за ,,Црно-белите” беше Жозеф де Соуза (25′, 59′).
Со поделбата на бодовите, Фенербахче остана на петтото, а Бешикташ на деветтото место.
На чело на табелата се наоѓа Трабзонспор, кој има девет поени предност во однос на второпласираниот тим на Конјаспор.