
Екипата на Фенербахче обезбеди сигурен плејоф, откако во деветнаесеттото коло од турската одбојкарска Султанлар лига го декласираше Галатасарај.
Имено, номиналните домаќинки го добија градското дерби со убедливи 3-0 или по сетови 25-15, 25-13 и 25-17.
Од поразениот состав, двоцифрена беше само Анти Василантонаки со четиринаесет поени.
На спротивната страна, од избраничките на Зоран Терзиќ, најефикасни поединки беа Ашли Калач со единаесет и Арина Федоровцева со седумнаесет поентирања.
На табелата, Фенербахче го зазема третото, а Галатасарај – четвртото место.