
На првото официјално натпреварување од норвешката турнеја во ски скокови, ,,Роу Ер”, до триумф стигна Анже Ланишек.
Словенецот имаше две одлични изданија од 133 и од 139,5 метри во Осло, кои му ја донесоа четвртата победа во сезоната.
Второто место го зазеде Австриецот Штефан Крафт, додека најниското скалило на пиедесталот му припадна на Карл Гајгер, кој беше дури тринаесетти после првиот дел.
Во продолжение, пласманот во топ 10 го пополнија: Халвор Егнер Гранеруд, Андреас Велингер, Рјоју Кобајаши, Кристофер Сундал, Даниел Андре Танде, Давид Кубацки и Јохан Андре Форфанг.