
После само осумдесет минути, Фенербахче дојде до дванаесеттата овосезонска лигашка победа.
Имено, претставничките на Истанбул, во шеснаесеттото коло од турската одбојкарска Султанлар лига, триумфираа со убедливи 0-3 над Саријер.
По сетови, резултатот изнесуваше 19-25, 19-25 и 18-25.
Во домашниот состав, единствената со двоцифрен поентерски учинок беше Моксри Чатчу-он со 16 поени.
На спротивната страна, по 15 поентирања имаа Арина Федоровцева и Христина Вучкова, а поефикасна од нив беше само Мелиса Тереза Варгас со 18 поени.
На табелата, Фенербахче го држи третото, а Саријер – седмото место.




