
Педесет и второто издание на Светското првенство во санкање на вештачки патеки се одвива во германскиот Оберхоф.
На денешната програма беа спринтовите, на кои, домашната селекција освои четири златни медали.
Во машки дублови, Тони Егерт и Саша Бенекен (26,248) беа побрзи од своите сонародници Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (+0,036) и од австриското дуо – Јаник Милер/Армин Фраушер (+0,069).
Во женски двојки, Џесика Дегенхардт и Шејен Розентал (31,205) триумфираа пред Зелина Егле и Лара Михаела Кип (+0,016) и пред Андреа Фетер и Марион Оберхофер (+0,023).
Женскиот сингл заврши со хет-трик на Германија при кој, подиумот го окупираа Дајана Ајтбергер (26,204), Јулија Таубитц (+0,001) и Ана Берајтер (+0,028).
Последната трка беше машкиот индивидуален спринт на кој, Феликс Лох (33,544) се радуваше на злато, додека сребро и бронза освоија Јонас Милер (+0,073) и Макс Лангенан (+0,122).




