Абердин во шестото коло ја оствари првата победа во шкотското првенство и тоа благодарение на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. На домашен терен, Абердин го совлада Рос Каунти со 4-0, а нашиот Бојан одигра фантастичен натпревар.
Бојан Миовски на овој натпревар постигна два гола, а имаше и една асистенција во победата од 4-0. Токму нашиот голгетер Бојан Миовски го отвори резултатот во 21. минута, во 48. асистираше до Мекграт, а во 52. минута ги постави конечните 4-0.