Тиквеш славеше со 27:22 против Струга во третото коло од Суперлигата. Гостите од Струга се држеа во игра се до 45. минута при резултат 19:18 за домаќинот, кој во последните петнаесет минути успеа да се одлепи и да слави победа.
Симиќ и Мајиќ дадоа по 6 погодоци за домаќинот, додека Петар Бугариновиќ со 8 голови беше најефикасен за Струга.