
Во дербито на дваесет и првото коло од грчката Супер лига, ПАОК и Олимпијакос ремизираа со 0-0 во Солун.
Натпреварот започна со доцнење од дваесет минути поради пиро-шоуто на домашните навивачи, кои приредија фантастична атмосфера.
Првите десетина минути поминаа целосно во знакот на ПАОК, кој имаше четири големи шанси.
Истите беа запрени токму од нивниот поранешен голман, Александрос Пасхалакис, кој беше најзаслужен за добиениот бод на Олимпијакос.
На средината на првото полувреме, претставниците на Атина ја имаа најголемата прилика, кога Хамес Родригез погоди пречка со шутот од далечина.
На табелата, двата ривали го делат третото место со 41 поен, а пред нив се наоѓаат АЕК со 48 и Панатинаикос со 47 бодови.