
Халвор Егнер Гранеруд ита кон вториот кристален глобус во кариерата, откако денес триумфираше по деветти пат во сезоната.
Имено, Норвежанецот беше најдобар на второто натпреварување во Вилинген, одбранувајќи ја предноста од првата серија.
Со напредок од пет позиции, на второто место заврши Рјоју Кобајаши, а Даниел Андре Танде беше трет што претставува негов прв подиум после 6 март 2022.
На четвртото место заврши Мануел Фетнер, после кој следуваа Словенците Жига Јелар и Домен Превц, а во топ 10 завршија уште Пјотр Жила, Михаел Хајбок, Маркус Ајзенбихлер и Тими Зајц.