
Серијата од шест последователни победи на Џилонг Кетс беше прекината во премиерата на петнаесеттото коло од страна на Бризбејн Лионс.
Имено, ,,Лавовите”, на домашен терен, успеаја да триумфираат со убедливи (13.16) 94-50 (7.8).
Целата партија беше решена писле првата четвртина, којашто им припадна на Лионс со огромни 31-1.
Во наредните три четвртини и покрај очајничките обиди на Џилонг, Бризбејн само ја зголемуваше својата предност, која во два наврати достигна максимални +49.
Поентерски најрасположени фудбалери од победничкиот тим беа Џоу Данихер (4.1), Чарли Камерон (3.3), Ерик Хипвуд (2.2) и Линколн МекКарти (2.2).
На спротивната страна, по два гола постигнаа само Зек Туи (2.1) и Ајзак Смит (2.0).
Со новиот триумф, Бризбејн го презеде третото место на табелата, спуштајќи го денешниот ривал на четвртата позиција.