
Милвоки Бакс поведоа со вкупни 2-1 во четвртфиналето против Бостон Селтикс, добивајќи го третиот дуел со 103-101.
На мечот, иако Бакс генерално константно ја имаа предноста на своја страна, Селтикс успеаја да дојдат до неизвесна завршница.
Милвоки славеше благодарение на Јанис Антетокумбо (42 поени и 12 скокови), кој одигра маестрална партија, а од неговите соиграчи, две двоцифрени статистики имаше Брук Лопез (13 поени и 10 скокови).
На спротивната страна, дабл-дабл учинок запишаа двајца кошаркари, односно Џејлен Браун (27 кошеви и 12 скокови) и Ал Хорфорд (22 кошеви и 16 скокови).