
Во единаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, Фриментл Докерс приредија чудо и ги поразија актуелните шампиони, Мелбурн Демонс, со (7.14) 56-94 (14.10).
За Демонс, ова беше прв пораз во новата сезона, а воедно и прв загубен натпревар после четиринаесетте победи во регуларниот дел – серија што датира од 1 август 2021.
Од друга страна, Докерс имаа одличен старт на 2022, но во последните две рунди запишаа неочекувани порази од Голд Коуст Санс и од Колингвуд Мегпајс.
На денешниот меч, Фриментл го покажа вистинското лице на својата одбрана и дојде до триумф, иако губеше со 42-12 во втората четвртина.
Гостите од западна Австралија се консолидираа во вториот дел, кој го добија со неверојатни 75-12.
Од редовите на Мелбурн, најефикасни фудбалери беа Бејли Фритч (3.1) и Тоби Бедфорд (2.1).
Кај Докерс, најрасположени во офанзивата беа Рори Лоб (3.1) и Леки Шултц (4.1), кои комбинираа за 44 поени.
На табелата, Мелбурн остана осамен на врвот, а Фриментл го презеде третото место од Карлтон Блус.