Децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија.
Песната која беше промовирана во јавноста се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.
Оваа година 19. издание на јуниорскиот избор за песна на Евровизија ќе се одржи на 19 декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз.