
Четвртото коло од шкотскиот Премиершип беше отворено со спектаклот на ,,Истер Роуд”, во кој, Хиберниан и Ренџерс ремизираа со 2-2.
Во првото полувреме, Ренџерс поведоа преку капитенот Џејмс Таверниер (45+2′), кој стрелаше прецизно после сомнително досудениот пенал.
На стартот на вториот дел, домаќините израмнија преку Мартин Бојл (51′), а само седум минути подоцна, гостите имаа ново водство, благодарение на Том Лоренс (58′).
Во интервал од девет минути, Ренџерс останаа со девет играчи на теренот, откако Џон Лундстрам (66′) и Алфредо Морелос (75′) добија директни црвени картони.
Хиберниан бараше позитивен резултат сè до самиот крај и успеа во својата намера во третата минута од судиското продолжение, кога Џош Кемпбел (90+3′) со ,,еврогол” донесе радост на трибините во Единбург.
На табелата, Ренџерс се први, а Хиберниан го држи шестото место, но двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.




