После пет рунди од англиската Лиг 2, екипата на Хартлпул има само два поени без ниедна победа.
Во петтото коло, популарните ,,Манки хенгерс” загубија на домашен терен од Бредфорд со 1-3.
После првиот дел, резултатот гласеше 1-1, при што, Скот Бенкс (6′) им донесе водство на гостите, а за домаќините израмни Дејвид Фергусон (17′).
Избраниците на Марк Хјуз итаа кон победата во второто полувреме и ја крунисаа иницијативата со уште два гола во мрежата на Бен Килип преку Енди Кук (65′, 90+2′).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бредфорд изби на деветтата позиција, а Хартлпул се наоѓа на дваесет и првото место.