
Екипата на Евертон го затвори четвртото премиерлигашко коло со победа од 3-1 над Барнли на својот ,,Гудисон Парк”.
После првото полувреме, резултатот остана 0-0, а веќе во 53. минута, Барнли ја оправда подобрата игра со голот на капитенот Бен Ми за 0-1.
Во продолжение, домаќините во потполност ја презедоа иницијативата и со вистински ,,блицкриг”, во интервал од шест минути, дури трипати ја затресоа мрежата на Ник Поуп.
Најпрво, во листата на стрелците се запиша дефанзивецот Мајкл Кин (60′), а по него, успешно стрелаа летните засилувања Андрос Таунсенд (65′) и Демарај Греј (66′).
Дури и во отсуство на Хамес Родригез и на Доминик Калверт-Луин, фудбалерите на Рафа Бенитез покажаа исклучителна игра во нападот, која беше втемелена на плеќите на Абдулај Дукуре.
За Евертон, ова беше трета овосезонска победа, која го остави на делбата на првата позиција на табелата со уште три екипи.
Од друга страна, Барнли и понатаму е во ,,црвената” зона со само еден освоен бод.