На Евробаскетот 2011 година, Македонија предводена од селекторот Марин Докузовски стигна до најголемиот успех во својата историја. Во прелиминарнара фаза, Македонија заврши на првото место во групата C, со 4 победи и еден пораз, односно ги победи селекциите на Грција, Финска, Хрватска и Босна и Херцеговина, а забележа пораз од Црна Гора, кој воедно беше прв натпревар во групата. Со тој резултат, Македонија влезе во втората фаза од првенството, односно во групата F, каде играше против Грузија, Словенија и Русија, а во таа група беа и репрезентациите на Финска и Грција.
На Евробаскетот 2011, македонската репрезентација беше составена од:
По победата над Грузија, Македонија обезбедипласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза, Македонија ја порази Словенија, а во последното коло од втората фаза, Македонија тесно изгубила од Русија на две секудни при крајот.
Како второпласирана во групата од втората фаза, Македонија во четвртфиналето играше со третопласираната од другата група, односно со домаќинот Литванија, која на 14 септември 2011 година ја совлада со 67:65 со фантастичата тројка на Владо Илиевски и обезбеди учество во полуфиналето и стигна до најголемиот успех во историјата на македонската кошарка.