Вторничката Чемпионшип програма, во рамките на седумнаесеттото коло, во себе го содржеше и дербито на Лондон помеѓу Милвол и КПР.
Навивачите на Милвол, на претходната средба против Дерби, со свирежи го испратија клекнувањето на фудбалерите, наменето за борбата против расизмот. Во пресрет на денешниот меч, играчите повторно го направија истиот гест, но овој пат истиот помина без испади.
После неефикасното прво полувреме, двете екипи, по еднаш ја затресоа противничката мрежа во второто.
Најпрво, во 53. минути, Илијас Шер, со еврогол го совлада Бартош Бијалковски за почетна предност на КПР од 0-1.
Џокерот од клупата, Јон Дади Бодварсон, во 71. минута, најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и со својот прв овосезонски погодок го постави конечниот резултат од 1-1.



