Екипата на Сибир Новосибирск имаше серија од четири порази, стекнати на последните четири гостувања.
Сепак, со враќањето на домашен терен, претставниците на далечниот Исток успеаја да го совладаат Динамо Минск со 3-2.
Гостите од Белорусија поведоа со 0-2 после осум минути игра со головите на Малте Стромвал и Кирил Воронин.
Сепак, до крајот на првата третина, домаќините успеаја да направат целосен пресврт, а воедно и да го постават конечниот резултат.
Стрелци за Сибир на овој натпревар беа Никита Коротков, Александер Шаров и Никита Сетдиков.
За тимот од Новосибирск, оваа победа значеше скок на десеттото место на Истокот, додека Динамо Минск е четврт во Западната конференција.