
Екипата на Стокпорт Каунти решително цели кон промоција во Лиг 2, носејќи квалитетни засилувања.
Пред стартот на сезоната, во редовите на актуелниот петтолигаш пристигна напаѓачот Џон Руни, кој воедно е брат на моменталниот тренер на Дерби Каунти – Вејн Руни.
Освен Англичанецот, на ,,Еџли Парк”, во изминатата година пристигнаа Пади Меден, Марк Кичинг, Скот Квигли и уште неколку поединци со професионално искуство.
Сепак, популарните ,,Шеширџии” ги надминаа сите очекувања, откако денес официјално го претставија капитенот на Болтон, Ентони Сарчевич, како свој најнов адут во средниот ред.
Сарчевич настапи за Болтон вкупно 46 пати за една и пол сезона, притоа забивајќи 10 погодоци, а во Стокпорт премина како слободен играч, потпишувајќи договор до 2024 година.
Англичанецот со српско потекло стекна најголема популарност на островот како играч на Плимут Аргајл, а во сениорската кариера ги бранеше боите и на: Вудли Спортс, Кру Александра, Честер, Флитвуд и Шрузбери.
После единаесет одиграни кола, Стокпорт го зазема десеттото место во Националната лига, а Сарчевич ќе може да дебитира уште утре во дербито против Нотс Каунти.



