
Кунлун Ред Старс го запишаа осмиот пораз во низа, откако беа надиграни од Динамо Минск со 4-6.
Заклучно со денешната средба, двете екипи имаа две меѓусебни пресметки во 2021, на кои беше постигнат вкупно дваесет и еден погодок.
Денес, Динамо поведе со голот на Тајлер Граовац, но до крајот на првата третина, Кунлун направи пресврт преку Тајлер Вонг и Рајан Спраул.
Во вториот период, Кунлун двапати поведуваше, благодарение на Спенсер Фу и на Брендон Јип, додека белорускиот состав бараше израмнување преку Игор Мартинов и преку Марио Кемпе.
Третиот дел во целост им припадна на гостите и во него Граовац дојде до вториот денешен погодок, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Тејлор Бек и Роман Горбунов.
Со новите два бода, Динамо скокна на седмото место на Западот, додека Кунлун е убедливо последен тим во цела лига.