Репрезентацијата на Гамбија дебитираше на Африканскиот куп на нации со триумф од 1-0 над Мавританија.
За Гамбијците, првиот меч на континенталниот собир се покажа како победоносен, благодарение на одличната игра во дефанзивата.
Сепак, само одбраната е недоволна за триумф, па, за трите бодови да отидат кај новајлиите се погрижи Аблие Џалоу (10′), кој го постигна најефектниот погодок во досегашниот тек на првенството.
Мавританија имаше неколку добри прилики, кои сепак не беа реализирани за да се освои барем еден поен.
Во групата Ф, освен Гамбија, три бода има и Мали, кој во контроверзен меч го доби Тунис со 1-0.