За првпат после 22 септември 2017, Сочи славеше на гостински терен против Автомобилист Екатеринбург, откако денес забележа победа после пенали од 4-5.
После десет минути игра, Автомобилист стекна брза предност од 2-0 преку Сергеј Шумаков и преку Патрис Кормие.
Овој ,,блицкриг” на домаќините резултираше со промена на гостинскиот голман, односно наместо Максим Третијак, помеѓу стативите застана Магнус Хелберг.
Во продолжение, Сочи постигна по еден гол во секоја третина, благодарение на Васили Глотов, на Никита Феоктистов и на Артјом Николајев за пресврт од 2-3.
Во третиот период, Рајан Спунер и Степан Хрипунов приредија нов пресврт во корист на Автомобилист, а Богдан Јакимов, со погодокот на осум минути пред крајот на регуларниот дел, ги постави конечните 4-4.
Овој резултат донесе продолженија без голови, после кои следуваше пенал-серијата.
Во неа, девет пенали беа неуспешно изведени, а единствен прецизен хокеар беше стрелецот на првиот гол за Сочи – Васили Глотов.
И покрај триумфот, ,,Леопардите” останаа на последното место на Западот, додека Автомобилист го држи петтото место во Источната конференција.