Во премиерниот натпревар од турската Ефелер лига во машка конкуренција, Бурса го задржа својот стопроцентен учинок.
После максималната победа над Алтекма пред три дена, избраниците на Левент Зороглу денес со 3-0 го поразија фаворизираниот Галатасарај (25-23, 25-19, 25-22).
Домаќините влегоа во мечот на несигурен начин, а малите резултатски кризи беа присутни само до завршницата на првиот сет.
Во продолжение, сјајното трио составено од Дмитри Бахов (14 поени), од Гералдо Грасијано (13) и од Ѓокан Ѓокгоз (12) влезе во свој ритам и го предводеше составот на Бурса до максимална победа.
Кај гостите од Истанбул, најефикасни, а воедно и единствени со двоцифрен учинок беа Марко Седлачек (13), Бурутај Субаши (11) и Морис Армандо Торес (11).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бурса остана на врвот, а Галатасарај падна на шестото место.