Оукленд Атлетикс и Минесота Твинс одиграа два натпревари во рамките на синоќешната МЛБ програма.
На нив триумфираа Атлетикс со резултат од 7-0, односно од 1-0.
Твинс двапати беа лимитирани на нула од одличните фрлачи на домаќините.
Во првиот дуел, Шон Манеа запиша седум страјк-аути, додека во вториот, Хесус Лузардо, Лоу Тривино и Џејк Дикман комбинираа за уште десет.
Во првиот меч, Митч Морланд постигна два хоум-рани, заедно со Мет Олсон, кој запиша грен-слем.
Во моментот на нивните удари, бази имаа освоено уште Шон Марфи, Елвис Андрус, Марк Кања и Џед Лоури.
Во вториот натпревар, Олсон го постигна единствениот поен по ударот на Сет Браун.
На табелата на Американската лига, Оукленд (11-7) изби на третото место, додека Твинс (6-10) се на самото дно.
📸 Thearon W. Henderson/Getty Images



