Полуфиналната серија, односно финалето на Истокот во КХЛ, беше решена после најголемата можна драма, поставувајќи нов рекорд.
Имено, Авангард Омск и АК Барс Казањ пружија спектакл од седум мечеви, на кои седум пати славеа гостите што претставува рекорд во историјата на лигата.
Накрај, Авангард дојде до второто финале во КХЛ, откако го елиминираше најтрофејниот клуб со вкупни 4-3.
Токму истиот резултат ја одбележа и ,,мајсторката” што му припадна на тимот од Омск после продолжение.
После дваесет минути игра, гостите водеа со 1-2, откако прецизно стрелаа Кирил Семјонов и Оливер Каски, додека за АК Барс погоди Дмитри Воронков.
Во втората третина, претставниците на Казањ направија целосен пресврт со головите на Алберт Јарулин и на Артјом Галимов.
Третиот период го одбележа израмнувачкиот гол на Виле Пока, а победата на Авангард му ја донесе Каски, со својот втор денешен погодок.
Во финалето, ,,Јастребите” ќе се борат за својот прв Гагарин Трофеј против актуелниот шампион – ЦСКА Москва.
📸 hawk.ru



