Во заостанатиот меч од 36. коло на англискиот Чемпионшип, Ковентри дојде до екстремно важна победа.
Имено, во директната битка за опстанок, ,,Небесно сините” славеа со 0-1 на гостувањето кај Ротерам Јунајтед.
Стрелец на единствениот погодок беше норвешкиот дефанзивец Лео Остигард (70′), кој се запиша во листата на стрелците по вторпат сезонава.
Со новите три поени, Ковентри скокна на 18. место со шест поени предност во однос на денешниот ривал, кој е првиот тим под линијата.
📸 Twitter: Rotherham United