Португалската ракометна репрезентација обезбеди историски прв настап на Олимписките игри откако со 29:28 ја победија Франција во клучниот меч од квалификациите. Победата на Португалија значеше елиминација на Хрватска, додека французите беа сигурни со минимален пораз и немаа многу причини за разочарување по мечот.
Дуелот беше „сомнителен“ поради неколку нелогични потези на француските ракометари во самата завршница. Најчудно беше кога на 10 секунди до крајот, при нерешен резултат 28:28, Мелвин Ричардсон реши да прави егзибиции и да додаде зад грб без гледање.
Французите ја загубија топката, а Руи Силва во контра напад даде гол за водство на Португалија од 29:28 на пет секунди до крајот. Французите се обидоа во преостанатото време да израмни, дадоа гол за 29:29, но времето беше истечено и започна големото славје за португалците.
Со овој резултат, Португалија и Франција се пласираа на ЛОИ во Токио, а Хрватска извиси поради најслабата гол разлика во мини табелата. Во прилог и видео од драмата во последните неколку секунду помеѓу Португалија и Франција: