Серхио Агуеро кариерата речиси сигурно ќе ја продолжи во Барселона. Наводно, рекордерот на Манчестер Сити по бројот на погодоци е блиску до потпис на двегодишен договор со каталонците, со оглед на тоа дека ги поминува последните месеци на „Етихад“.
Агуеро на „Камп Ноу“ треба да пристигне како слободен играч и да игра покрај сонародникот и репрезентативен колега Лионел Меси. Ова е стратегија на Лапорта да го задржи Меси во Каталонија.



