Далас Маверикс на посакуван начин ја отворија новата 2021 година, односно синоќа славеа над Мајами Хит со 93-83.
Мајами водеше само на почетокот на мечот, а во продолжение Маверикс го диктираа темпото и во два наврати водеа со +24.
Словенецот Лука Дончиќ беше најефикасен кошаркар на паркетот со дабл-дабл од 27 поени и од 15 скокови. Од противничкиот табор, Бам Адебајо беше најдобар со 19 поени и со 11 скокови.