Кошаркарите на ЛА Лејкерс дојдоа до четвртата победа во шестиот меч од новата НБА-сезона, откако по голема борба, како гости, го совладаа Сан Антонио спарс (103-109).
Тоа беше неизвесен натпревар, во кој двата тима често се менуваа во водство, а беше решен дури во последните неколку минути со серијата на „езерџиите“ од 9-0 со која дојдоа до посакуваниот триумф. Блескаше Леброн Џејмс со трипл-дабл ефект со 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, а идентично добар беше и Ентони Дејвис со 34 поени, 11 скока и пет асистенции.
Екипата на Портланд трејлеблејзерс убедливо триумфираше на гостувањето кај Голден стејт вориорс (123-98), во дуел во чиј центар беше ветеранот на овој тим, Кармело Ентони, кој со 18 постигнати поени го помина Тим Данкан на вечната листа стрелци во НБА. Тој сега е на 14. позиција со 26.499 постигнати поени во најсилната лига на светот. Лилард со 34 поени беше прв стрелец во победничкиот состав, додека на другата страна Стеф Кари имаше 26 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Мемфис 93-108, Далас – Мајами 93-83, Детроит – Бостон 96-93, Бруклин – Атланта 96-114, Милвоки – Вашингтон 109-130, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 103-109, Денвер – Феникс 103-106, Јута – ЛА Клиперс 106-100, Голден Стјет – Портланд 98-123.



