
За првпат после три меѓусебни пресметки, Бруклин Нетс ги поразија Чикаго Булс, откако синоќа славеа со 112-138 во дербито на денот.
Чикаго го започна мечот со серија од 7-2 и ја држеше резултатската неизвесност до крајот на третата четвртина.
Во продолжение, гостите направија серија од 25-8 и влегоа во четвртиот квартал со двоцифрена предност.
Од победничките редови, Џејмс Харден имаше дабл-дабл учинок од 25 поени и од 16 асистенции, а поефикасен од него беше само Кевин Дурент со 27 кошеви.
На спротивната страна, Зек ЛаВин и ДеМар ДеРоузан беа поентерски најрасположени со 22, односно со 19 поени.
И покрај поразот, Чикаго (27-12) остана на врвот на Источната конференција, додека Бруклин (26-14) го држи второто место со една победа заостаток во однос на денешниот ривал.




