
Откако вчера одиграа вкупно седумнаесет ининзи, денес, ЛА Доџерс набрзина ја завршија работата против Сан Диего Падрес.
Имено, претставниците на Лос Анџелес славеа со 0-4 во вториот по големина град во Калифорнија и на тој начин ја запишаа дванаесеттата победа на последните тринаесет натпревари.
Клучен за триумфот беше третиот ининг во кој Доџерс дојдоа до три поени, а веќе во четвртиот период го поставија и конечниот резултат.
Од сите играчи, единствен со хоум-ран беше Остин Барнс, а по четири бази освоија Били МекКини, Треј Тарнер и Еј Џеј Полок.
Освен поентерите, неверојатен беше и фрлачот Макс Шерцер, кој освои дури десет страјк-аути.
На табелата на Националната лига, Падрес (68-61) паднаа на шестото место, додека Доџерс (81-47) се наоѓаат на втората позиција.



