
По трите последователни порази, актуелните шампиони, ЛА Доџерс, успеаја да запишат победа на своето конто.
Имено, претставниците на Лос Анџелес синоќа славеа над Колорадо Рокис со минимални 1-0.
Единствен поентер на мечот беше Остин Барнс со хоум-ран во вториот ининг.
Фрлачот на Рокис што го дозволи хоум-ранот, Кајл Фриленд, беше солиден во текот на седумте периоди во кои фрлаше, освојувајќи шест страјк-аути.
Неговиот колега на спротивната страна, Кајл Гонсолин, за 5.1 ининзи дојде до цифра од седум страјк-аути и допушти само две бази.
На табелата на Националната лига, Доџерс (60-40) го држат второто, а Рокис (43-55) – дванаесеттото место.