
По двата врзани порази, ЛА Доџерс се вратија на победничките патеки и ги поразија Вашингтон Нешоналс со 7-1.
Доџерс поведоа со 6-0 уште во првиот ининг, а седмиот поен го додадоа во осмата деветтина.
Во листата на поентерите за победничкиот состав се запишаа Муки Бетс, Вил Смит, Џастин Тарнер, Трејс Томпсон (х2), Хансер Алберто и Остин Барнс.
Од друга страна, за Нешоналс, единствената промена на семафорот ја предизвика Лејн Томас во седмиот период.
Во Американската лига, Доџерс (65-32) се први, а Нешоналс (34-66) ја заземаат последната позиција.