„Милион денови“ новата песна на ДНК е прекрасна балада која се повеќе се слуша на радио-станиците низ Македонија.
Песната е авторско дело на Панчо и на Лазар Цветковски. Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм.
Главната улога во спотот и припадна на атрактивната сопственичка на студиото Фигурела, прекрасната Наташа Петровска.