ДНК, заедно со Наум Петрески и Џамбо Агушев ја објавија новата песна со наслов „„Животе брате“ . Музиката и текстот се на Панчо и Лазар Цветкоски, додека зад аранжманот стои Џамбо Агушев.
Видео-спотот за песната го изрбаотија Кристијан Теодор и Огнен Шапковски.
Песната е посветена на починатите Марјан Михајловски од МЗТ Скопје и фитнес тренерот Мирко Петровски.
Драги наши, Ви го претставуваме нашиот нов сингл “Животе Брате” во соработка со Наум Петрески и Џамбо Агушев. Приказна за која сме убедени дека ќе допре до длабочината на вашата душа и срце, па затоа ви велиме: Животе брате, брате да запееме, еднаш живееме!
Живели
-стои на страната од ДНК.




